Утрински Весник
Македонија

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – За време на ограничено движење, вчера во 20:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ го лишиле од слобода В.М.(40) од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 9 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„11 Октомври“, при извршен преглед кај Н.Г.(37) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Н.Г. е приведен и по документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 11:30 часот било пријавено дека во село Арачиново, во заеднички двор, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Е.Б.(65) и Ш.Б.(37), од една страна, и Д.Б.(52) и М.Б.(36), од друга страна, сите од село Арачиново. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ