Утрински Весник
Спорт

Кер: Не би станал тренер на Голден Стејт, ако не стекнев искуство со Чикаго

Кер со измешани емоции по петтиот натпревар со Торонто
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сан Франциско, 20 април 2020 (МИА) – Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, смета дека успехот во неговата тренерска работа се должи на искуството стекнато додека играше за Чикаго булс.

– Да не бев дел од „Биковите“ ништо од она што се случи во мојата кариера не би се случило. Јас не би станал тренер на Голден Стејт, ако не го стекнав ова искуство со Чикаго. Секојпат кога ќе ги видам Џордан, Пипен и Џексон, мислам дека стекнатото искуство тогаш ми го отвори патот за мојата понатамошна кариера – играч, коментатор и тренер. Јас сфаќам колку имав среќа што станав дел од таа генерација. Имавме одличен тим, искусен и зрел и сите знаевме колку бевме среќни. И го извадивме максимумот, истакна Кер.

Тој има освоено осум титули како играч и тренер. Три од нив беа освоени како дел од легендарните 90-ти години на Чикаго. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk