Утрински Весник
Македонија

Земјотрес во југозападниот дел на земјава

Почувствувам земјотрес во југозападните делови на Северна Македонија, епицентарот во Албанија

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска 43 минути по полноќ на 71 километар југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќта на 20.04.2020 година во 00 часот и 43 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 71 km југозападно од Скопје во Ростушe, а потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија. нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа