Утрински Весник
Спорт

Останатите натпревари во Серија А може да се играат во Рим, Фиренца и Неапол

Калчолигашите предлагаат да нема изпаѓање оваа сезона и да се прошири лигата на 22 екипи

Рим, 18 април 2020 (МИА) – Останатите натпревари од сезоната во италијанската Серија А можат да се одвиваат во ограничен број градови, пренесува „Кориере дело Спорт“. Фудбалската сезона во Италија беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Како што наведува изворот, се разгледува опцијата според која средбите ќе се одржат во Рим, Фиренца и Неапол. Оваа листа може да вклучува друг град кој сè уште не е именуван.

Датумот на продолжување на сезоната е сè уште непознат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години