Утрински Весник
Македонија

Во Кумановската болница Инфективно останува да работи, вториот оддел затворен

Во Кумановската болница Инфективно останува да работи, вториот оддел затворен

Куманово, 18 април 2020 (МИА)Општата болница Куманово денеска информираше дека Инфективниот оддел за пациентите со полесна и средно-тешка клиничка слика на Ковид 19, останува во функција, но одделот Инфективно 2 (зграда од одделот уво, грло и нос) е затворен и пациентите ќе бидат транспортирани на Инфективна клиника Скопје поради рационализација на персоналот, соопштуваат од болницата.

-Досега згрижувавме преку 30 пациенти, а немавме ниту простор, ниту услови за поголем број пациенти, ниту стручен кадар, бидејќи од четири инфектолози, двајца се на боледување, се вели во објавата на кумановската Болница.

Оттаму уште еднаш апелираа до кумановци да ги следат препораките на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство, да останат дома и заеднички да се победи вирусот. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Криминална мрежа во ФФМ: Истрага за проневера од речиси 3 милиони евра, приведени 12 лица

Социјалните мрежи ги победија традиционалните медиуми како главен извор на вести

Ордановски: Наместо да избираме власт, на избори само казнуваме!