Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 18 април 2020 (МИА)На 17 април околу 22.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача. Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица, кои барале пари за негово ослободување. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело.

Вчера наутро во 07.15 часот  во Полициска станица Виница, Б.Б.(59) од с.Блатец, вработен како свештеник во црквата „Св.Јован Крстител“ во с.Лески пријавил дека на 16/17.04.2020, во периодот од 06.00 до 07.00 часот, непознато лице насилно влегло во црквата и одзело пари.   Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на  Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.55 часот на ул.„Влатко Миленковски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(62) од Битола, по пријава на Б.М.(28) од Битола, според која околу 14.50 часот, додека била со нејзината сестра Е.Р. во семејниот дом на ул.„Влатко Миленковски“, започнале расправија со нејзиниот свекор М.М., кој бил во алкохолизирана состојба, при што тој се однесувал агресивно и со нож ѝ упатил закани по нејзиниот живот. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Штип вчера околу 14.24 часот, И.С. од с.Црвулево, Општина Карбинци, пријавил дека над с.Црвулево имало ископани коски. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото на настанот и констатирале дека во период од 15/17.04.2020 од 22.00 до 01.00 часот, во два наврата, непознато лице на археолошки локалитет, на место викано „Црвулевско теке“, извршило три ископи, при што до еден од ископите на површината биле забележани човечки коски, кои датираат од постар временски период. За настанот е запознаен Завод и музеј Штип и Јавен обвинител. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22.00 часот во Полициско одделние Групчин било пријавено дека во с.Стримница, тетовско, Б.Р.(23) од с.Стримница, додека бил заедно со неколку лица во објект во изградба, сопственост на Ќ.И. од с.Стримница, паднал и се повредил. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје, А.Р.(21) од Скопје, пријавил дека во 13.10 часот во парк пред угостителски објект на ул.„Самоилова“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 19.10 часот во СВР Скопје, Г.К.(48) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот во продажен објект на ул.„Бојмија“ во Скопје, непознато лице насилно влегло и одзело пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(25) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на паркинг пред продажен објект на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од Б.А.(23) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Вчера вечер во 20.45 часот во СВР Скопје, Л.Н.(56) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот пред куќа на ул.„Козле“ во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од З.К.(47) и навредувана од Д.К., двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 и чл. 6 од ЗППЈРМ.

На 17 април во 20.00 часот во СВР Охрид, Б.С.(47) од Охрид пријавил дека околу 16.00 часот на патот с.Злести – с.Лешани, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10.52 часот во СВР Битола, Х.Д.(65) од Битола пријавил дека околу 10.30 часот на Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од А.К.(35) од Битола. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Вчера во 11.46 часот во СВР Битола, К.А.(29) од Демир Хисар пријавил дека околу 11.30 часот, пред продажен објект на ул.„Широк Сокак“ во Битола, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и К.М.(22) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17 април во 23.19 часот во Полициска станица Штип, Р.Д.(41) од Штип пријавил дека од семејниот дом на ул.„Косовска“ во Штип се оддалечила неговата ќерка Д.Ф.(17) од Штип за која, според пријавеното, се претпоставува дека заминала со А.Н. од с.Василево, струмичко. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Утрината на 17 април во 03.30 часот во Полициска станица Кочани, Л.К. пријавил дека околу 03.00 часот непознато лице насилно влегло во црквата „Св. Димитрија“ во с.Зрновци, кочанско, но бидејќи се вклучил алармот, истото го напуштило местото. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Завчера во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево, 29-годишна  жителка на Делчево пријавила дека К.Ѓ.(25) од с.Лаки, виничко, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. К.Ѓ. е лишен од слобода, а за настанот е запознаен Јавен обвинител, изготвена е кривична пријава и пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка.

На 16 април во 23.30 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар на метален ормар за струјомери на ул.„Бл.Страчковски“, сопственост на ЕВН. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 17 април во Гостивар полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ќ.(30) и А.Џ(33), двајцата од Гостивар, бидејќи во 14.40 часот во Полициска станица Гостивар, Д.Ј.(29) од Гостивар пријавила дека околу 11.00 часот пред продажен објект на ул.„ЈНА“ во Гостивар, поради претходно недоразбирање, била физички нападната од пријавените. По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок. оџ/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме