Утрински Весник
Македонија

Пронајден Охриѓанецот кој беше пријавен за киднапиран

СВР Охрид ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на понуди од непознати лица

Скопје, 18 април 2020 (МИА) -Полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР,  синоќа околу 22.10 часот, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача.

Како што соопшти МВР, тој, на 16 април годинава во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица, кои барале пари за негово ослободување.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот