Утрински Весник
Македонија

Скопските градоначалници со поддршка на полициските служби за време на полицискиот час

Скопските градоначалници со поддршка на полициските служби за време на полицискиот час

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска посетија поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР – Скопје.

– Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Во денешната обиколка, се посочува во соопштението, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје. фф/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното