Утрински Весник
Македонија

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Кичево,18 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба во Кичево е стабилна.
Од СВР – Охрид информираат дека во периодот од 19 часот на 17 април до 07 часот на 18 април, во Кичево нема прекршувања на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
– Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Тој посочи дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Додаде дека се извршени 344 контроли врз лица во самоизолација, од кои 33 во Кичево.
Полициските службеници извршија 90 контроли на угостителски објекти.рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест