Њујорк, 18 април 2020 (/)– Легендарните „Ролингстонси“ денеска ќе учествуваат на добротворниот концерт насловен „Еден свет- заедно дома“, а друштво ќе им бидат Пол Макартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и другите светски рок ѕвезди, соопшти сајтот „Ултимејт Класик Рок“ (Ultimate Classic Rock).
„Чест ни е што сме повикани да бидеме дел од овој настан и да учествуваме од нашите домови, од изолација“, се наведува во соопштението на рок бендот.
Имајќи предвид дека сите членови на „Ролингстонси“ ќе бидат дома, не е јасно дали рок легендите ќе свират или само ќе се вклучуваат со разговор.
Преносот на овој настан почнува денеска во 14 часот на социјалните мрежи и преку лајф платформа, а заработката е наменета за напорите на организацијата „Граѓани на светот“ (Global Citizens) да им се даде поддршка на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата и на Светската здравствена органазиција. сд/