Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – На 16.04.2020 во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на продажен објект на ул.„Бранислав Нушиќ“ го лишиле од слобода Б.И.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.04.2020 во 19.10 часот на наплатна станица Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар била приведена Б.Ј.(30) од село Стар Балин дол, гостиварско, која била лице со здравствени проблеми, бидејќи истата се однесувала агресивно и се заканувала со нож дека ќе ги нападне полициските службеници при вршење работи од областа на безбедноста. Набрзо Б.Ј. била пренесена во Психијатриска клиника во Скопје.

На 16.04.2020 во 09.00 часот на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко воизло „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(58) од Скопје удрило во пешак И.А.(75) од Скопје. По незгодата, пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.04.2020 во СВР Скопје, Х.С.(33) од Скопје пријавил дека на ул.„Емин Дураки“во Скопје, неговиот двегодишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

На 16.04.2020 во СВР Скопје, А.А.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„167“ во Скопје бил каснат од куче скитник  во пределот на десната рака. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето