Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Смилевски подели 300 хуманитарни пакети за социјално ранливите семејства

Градоначалникот Смилевски подели 300 хуманитарни пакети за социјално ранливите семејства

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски подели 300 хуманитарни пакети со основи прехрамбени производи и средства за лична хигиена на граѓани од социјално ранливите семејства од Бутел.
Како што денеска соопштија од Општина Бутел, за акцијата да биде успешна, во соработка со одговорните лица на МПЦ И ИВЗ кои се на територија на општината, Смилевски доделил 200 пакети, кои ќе се поделат на оние граѓани на кои им се најпотребни.
Градоначалникот Смилевски денеска пред општинската зграда поделил 30 пакети за пензионерите кои се со ниски примања, а останатите хуманитарни пакети биле поделени на граѓани, кои преку Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Бутел поднесоа барање за помош со храна и други намирници.
Општина Бутел и утре ќе продолжи со делење хуманитарни пакети до граѓаните за сите социјално загрозени семејств, но и во иднина се додека трае оваа криза. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интернет-порталите стануваат официјални медиуми со регистрација во АВМУ

Министерот Љутков откри кога ќе бидат исплатени задоцнетите плати на вработените

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност