Утрински Весник
Македонија

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на Ковид 19

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на Ковид 19

Куманово, 17 април 2020 (МИА)Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се позитивни на коронавирус, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.

-Вработените се во изолација од 7 април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка, која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во Домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените. Од почетокот на ширењето на вирусот, додава Стојановки, преземени се мерки и вработените користат заштитна опрема. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот