Утрински Весник
Македонија

Се одложува примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини

Од 37 седница на Влада: Донација на медицинска опрема од Турција, уредба за ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор, усвоена информација за апликацијата „StopKorona!“

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – На предлог на Министерство за економија, Владата денеска ја донесе Уредбата за примена на одредбите од Законот за минерални суровини.

Како што соопшти владината прес-служба, причината за донесување на Уредбата е во насока на одложување на примената на одделни одредби од Законот за минерални суровини за време на траењето на вонредната состојба настаната заради епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, со цел да се создадат услови за непречено продолжување со работа по завршувањето на вонредната состојба без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста за исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини.

-Целта на донесувањето на Предлог – уредбата е пролонгирање на законските рокови предвидени со Законот за минерални суровини, а чие неисполнување може да биде причина за едностран раскин на доделена концесија, како и на одредби за кои обврските кои произлегуваат од истите не можат да се реализираат за време на траењето на вонредната состојба, се наведува во соопштението од Владата. мч/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”