Утрински Весник
Македонија

Негативен и вториот тест за коронавирус на лидерот на СДСМ Зоран Заев

Негативен и вториот тест за коронавирус на лидерот на СДСМ Зоран Заев

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил денеска објави дека и вториот тест за коронавирус што му бил направен согласно здравствените протоколи бил негативен.

-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен. Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот. Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови, пишува Заев.

Овој вирус, додава тој, покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.

-Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од два метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, пишува лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа