Утрински Весник
Сцена

Мет Дејмон „заглавен“ во Ирска, на задоволство на локалните жители

Мет Дејмон „заглавен“ во Ирска, на задоволство на локалните жители

Даблин, 16 април 2020 (/) – Холивудската ѕвезда Мет Дејмон деновиве се наоѓа во ирското гратче Далки, каде што постојано се дружи со околните жители кои, според нивните коментари – го засакале како свој.

„Мет Дејмон е заглавен во Далки со недели. Снимањето на неговиот филм е ставено во мирување, па тој е во изолација со своите кучиња“, гласи еден коментар на Твитер.

Глумецот, инаку го снимаше последниот филм на Ридли Скот – „The Last Fuel“ пред 27 март, кога подрачјето беше затворено поради мерките против коронавирусот.  си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка