Утрински Весник
Македонија

Во Кичево евидентирани три нови лица во самоизолација, состојбата стабилна

Во Кичево евидентирани три нови лица во самоизолација, состојбата стабилна

Кичево, 16 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево е стабилна. Изминатото деноноќие, во периодот од 19 часот вчера до 7 часот денеска жителите во целост ја почитувале забраната за движење согласно мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Посочи дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Евидентирани се 20 нови лица во самоизолација, од кои три во Кичево и извршени се 370 контроли врз овие лица од кои на 20 во Кичево.

Полициските службеници извршија 96 контроли на угостителски објекти од кои на 37 во Кичево. рф/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен старец од Свети Николе, го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање