Утрински Весник
Спорт

Крис Пол: Гарантирам дека кошаркарите нема да се вратат на теренот без да добијат доволно време за подготвка

Крис Пол: Без разлика колку ни недостасува кошарката, безбедноста доаѓа на прво место

Вашингтон, 16 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, кој воедно е и претседател на синдикатот на играчи во НБА, вети дека неговите колеги пред да ја продолжат прекинатата сезона 2019/20, ќе добијат доволно време да се вратат во својата форма.

– Не знам дали има точен број на денови во оваа ситуација. Но, јасно е дека ќе биде потребно многу време. Различни играчи се во лигата, од 18-годишна возраст до оние над 30 години. Дури и ако некој смета дека може да се добие во форма до одреден датум, тогаш не сите се во иста ситуација.

Ќе разговараме за ова. Гарантирам дека момците нема да одат на натпревари ако не чувствуваат дека добиле доволно време да се подготват, изјави Пол. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана

Ѓоковиќ: Синер ме разнесе, беше многу подобар од мене

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот