Утрински Весник
Македонија

Околу 190 семејства во социјален ризик во општина Маврово и Ростуше добија хуманитарна помош

Околу 190 семејства во социјален ризик во општина Маврово и Ростуше добија хуманитарна помош

Дебар, 15 април 2020 (МИА) – Во Општина Маврово и Ростуше попладнево заврши распределбата на хуманитарна помош за семејствата кои се во потешка социо-економска положба.

Станува збор за пакети со прехрамбени артикли и средства за одржување на хигиената, кои се набавени со средства на општината и Националниот парк „Маврово“.

– Со помошта беа опфатени околу 190 семејства, на кои во моментов им е најпотребна помош. За оваа цел, ние како локална власт, со одлука на Советот на општината издвоивме 100.000, а Националниот парк „Маврово“ 60.000 денари. Распределбата беше реализирана во соработка со претставници на месните заедници од секое населено место, изјави за МИА градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, кој раководи и со општинскиот Кризен штаб.

Тој додава дека во првата фаза на распределба на помошта биле опфатени социјално ранливите семејства во Горнореканските села и Мавровскиот регион, а потоа оние од долнореканскиот регион.

Во Општина Маврово и Ростуше, која брои околу 12.000 жители во моментов се присутни околу 4.000, бидејќи останатиот дел од населението е во некоја од западноевропските земји, најмногу во Германија и Италија.

Првиот човек на оваа општина, една од најбогатите со природни богатства и убавини,  уште еднаш упатува апел до своите сограѓани да продолжат, како и до сега, да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, со цел да се заштитат од опасниот невидлив непријател Ковид-19.

До сега, во оваа Општина нема регистрирани заразени ниту сомнителни случаи. Во моментот во домашна изоалција се само три лица кои претходно беа во државен карантин, а пристигнаа од Германија. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме