Утрински Весник
Македонија

Делчево најтранспарентна општина во Источно-планскиот регион

Делчево најтранспарентна општина во Источно-планскиот регион

Делчево, 15 април 2020 (МИА) – Со индекс на транспарентност од 41,67%, Општина Делчево е прва општина по веб-транспарентност во Источно-планскиот регион и на деветто место на ниво на државата. Овој показател според градоначалникот Горан Трајковски, ја потврдува заложбата на општината за подигање на активната транспарентност, при што како најдобра алатка за транспарентност е користена општинската веб-страница.
-За постигнување на овие зацртани цели, изминатиов период Општина Делчево донесе Стратегија за надворешна комуникација, а две години по ред се изготвува и Годишна програма за односи со јавност и промоција на Општината. Значи работевме стратешки и плански, а од февруари годинава е активна и новата веб-страница. Паралелно се изработува и е-информатор, а се објавуваат и сите документи кои имаме законска обврска да ги објавуваме, но и информациите и податоците врз основа на активна транспарентност, истакна Трајковски.
Ова рангирање во првите девет општини на ниво на државата за Трајковски е доказ дека општината е на на вистинскиот пат и во таа насока ќе се продолжи со уште поголеми активности.
Центарот за управување со промени вакво истражување има спроведено и во 2016 и во 2018 година, а истражувањето годинава е спроведено во периодот февруари-март 2020 година при што за добивање на резултатите се користени веб-страниците на сите единици на локална самоуправа.
Индикаторите од ова истражување се составен дел на стандардите за е-транспарентност на единиците на локалната самоуправа, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место“ финансиран од ЕУ. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?