Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Светиниколскиот Кризен штаб со нови информации за граѓаните за Велигденските празници

Светиниколскиот Кризен штаб со нови  информации за граѓаните за Велигденските празници
300x250 opst2

Штип, 15 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Општина Свети Николе на денешниот состанок информираше дека за време на продолжениот викенд за Велигденските празници сите земјоделци фармери, сопственици на пластеници, пчелари кои не се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  кога има забрана за движење согласно мерката на Владата и на Министерството за здравство, можат да се движат за временски период од 6 до 9 часот  наутро и од 17-19 часот попладне по претходна најава за движење за наредниот ден на телефонскиот број 075/421-181. Најавувањето за движење е во термин од 9-15 часот.

За време на продолжениот викенд рестораните можат да ја обавуваат дејноста со претходно поднесено барање до Кризниот штаб на општината и негово одобрување . Доставата на храна можат да ја извршат во временски термин од 10-18 часот во сабота, недела и понеделник претстојниот викенд. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16.04.2020 година до 12 часот, вели градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој истакна дека маркетите исто така можат да ја извршуваат дејноста за време на забраната за движење со поднесување барање до Кризниот штаб и негово одобрување. Дистрибуцијата на прехранбените артикли ќе биде во временски термин од 10-14 часот истиот ден. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16 април до 12 часот.

Воедно, апелира до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките и препораките на Владата во врска со превенцијата и заштитата од корона вирусот. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Објавено видео од пукањето во Куманово

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство