Утрински Весник
Спорт

Барселона сака да го размени Кутињо за Канте

Барселона сака да го размени Кутињо за Канте

Барселона, 15 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте може да ја продолжи кариерата во Барселона.

Според Мундо Депортиво, Каталонците бараат играч од средниот ред кој би донел агресија во средниот ред, и кој може да ја контролира топката.

Поради оваа причина, Барселона се заинтересирани за трансфер на Канте. Раководството на клубот сака да му понуди на Челзи размена на 29-годишен Французин за играчот од средниот ред Филипе Кутињо, кого лондонскиот клуб сака да го потпише.

Претходно беше објавено дека Кутињо може да замине во Лестер на позајмица. За него се  заинтересирани и Тотенхем и Манчестер јунајтед. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен