Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб во Делчево со нови мерки и препораки пред велигденските празници

Општинскиот кризен штаб во Делчево со нови мерки и препораки пред велигденските празници

Делчево, 15 април 2020 (МИА) – Во Делчево се состана Општинскиот Кризен штаб кој позитивно ги оцени досегашните преземени мерки за справување со вирусот КОВИД-19. Со цел понатамошно успешно справување и заштита на граѓаните од коронавирусот, градоначалниот Горан Трајковски посочи дел од препораките кои ќе важат за велигденските празници, а се однесуваат на работатата на економските оператори и земјоделците за време на повеќечасовниот полициски час.

-Од овој состанок произлезе заклучок да им се излезе во пресрет на барањата на економските оператори за непречено вршење на својата дејност „он-лајн“ за време на полицискиот час, да се издадат дозволи на сточарите за слободно движење, кое притоа заради злоупотреба ќе биде контролирано од полицијата. Исто така, донесовме одлука да се врши зајакната превенција во маркетите, аптеките и останатите објекти кои дават услуга на граѓаните, истакна Трајковски.

За христијанскиот празник Велигден кога забраната за движење важи за сите, Трајковски додаде дека ќе се конторлира движењето на верниците кои се очекуваат во поголем број да бидат присутни во православните храмови во текот на Велики петок.

-Бидејки во петок забраната започнува во 16 часот, а не е исклучена можноста граѓаните да ги посетуваат храмовите до 15 часот, донесовме заклучок да се почитува оддалеченоста меѓу верниците што ќе биде контролирано од страна на полицијата. Освен ова планираме да поставиме уште два пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево. Досега има два вакви пунктови, а третиот и четвртиот ќе бидат поставени на Граничен премин Делчево и над село Тработивиште на патниот правец Делчево – Пехчево, дополни Трајковски.

На состанокот беше споделена информацијата дека заклучно со последните 24 часа, во Делчево во самоизолација се наоѓаат 14 лица без притоа да биде регистриран позитивен случај на коронавирус. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени

Во Светниколско во три села вчера изгорели околу 40 куќи, од кои поголем дел се напуштени