Утрински Весник
Спорт

Крај на ракометната сезона во Франција, ПСЖ прогласен за шампион

Крај на ракометната сезона во Франција, ПСЖ прогласен за шампион

Париз, 14 април 2020 (МИА) – Националната ракометна лига на Франција (ЛНХ) го официјализира крајот на сезоната 2019-2020 година на Лидл Старлиг, како и на Пролигата (Д2), откако сите надежи за продолжување на натпреварувањето беа уништени по последниот говор на Емануел Макрон, во кој беше потврдено дека ограничувањата ќе бидат продолжени до 11 мај, а големите настани митинзи се одложени до следниот јули, јави дописникот на МИА.

Предвремениот крај на сезоната доведе до крунисување на ПСЖ за шампион на Франција за сезоната 2019/2020, со што директно се квалификуваше во Лигата на шампионите.

По 18 кола, клубот од француската престолнина беше непоразен и имаше шест бода предност пред Нант, на Кире Лазаров. Нант би требало да го добие својот билет за најпрестижното европско натпреварувања. Екипите на Ним, Монпелје и Тулуз, се квалификуваа во Европската лига (Ц2, поранешен Куп на ЕХФ).

Во однос на сезоната 2020-2021, за да се олесни закрепнувањето во комплицирани економски услови, НХЛ одлучи да  сите клубови што учествуваа во првенството оваа сезона да останат во првата лига. Цесон-Рен и Лимож  од 2-рата Пролига влегуваат во Лидл Старлиге, и и се приклучуваат на елитата, отсега составена од 16 екипи, се вели во соопштението од Француската ракометна федерација.

Фудбалската и рагби федерацијата се уште се надеваат да ја завршат сезоната.тг/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига