Утрински Весник
Спорт

Белоти понуден на Манчестер Јунајтед

Белоти понуден на Манчестер Јунајтед

Манчестер, 15 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти е предложен на Манчестер Јунајтед, пренесува „Калчомеркато“. „Црвените ѓаволи“ бараат нов напаѓач и раководните лица на играчот му понудија трансфер на „Олд Трафорд“.

Дваесет и шест-годишниот Белоти има силна сезона со тимот на Торино. Од почетокот на сезоната тој има 15 гола на сите турнири.

Во оваа фаза не е јасно дали Манчестер Јунајтед е заинтересиран за напаѓачот. Во исто време, сепак, италијанскиот репрезентативец е во плановите и на друг англиски тим – Евертон.

Менаџерот Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Белоти и е подготвен да го доведе на „Гудисон Парк“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство