Утрински Весник
Економија

Нова мерка на Народната банка: Се ослободуваат 8 милијарди денари за поттикнување натамошно кредитирање на македонската економија

Народна банка: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата

Скопје, 15 април 2020 (МИА) –  На аукција на благајнички записи што денеска треба да се одржи, согласно одлуката на Народната банка донесена во понеделникот, понудата ќе биде за осум милијарди денари помала во споредба со аукцијата спроведена во март. Од Народната банка наведуваат дека ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

Преземањето на ваквиот чекор од страна на Народната банка следува по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со што се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со што се ослободува дополнителна ликвидност и му се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата, оценуваат од Народната банка.

Според централната банка обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот од пандемијата на ковид-19 и мерките што се преземаат за справување со него.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието