Утрински Весник
Македонија

МЗ: Седумгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести немало коронавирус

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, додека на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од Ковид-19 земена му е епидемиолошка анкета, информираат од Министерството за здравство.

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус.

– Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на Ковид-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус, стои во соопштението од МЗ.

Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт.

– Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот, информираат од Минстерство за здравство. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите