Утрински Весник
Македонија

Во Велес вонредна крводарителска акција со пријавување за закажување термин преку телефон

Во Куманово лани благо намалување на собраните крвни единици во однос на претходните години

Велес, 14 април 2020 (МИА) – Поради многу ниското ниво на резерви со крвни единици во станицата за трансфузиологија во Велес, Општинскиот Црвен крст Велес, утре од 9 до 14 часот во Ликовниот салон организира Вонредна крводарителска акција.

Пријавувањето на сите хумани велешани кои сакаат доброволно да даруваат крв и спасат нечиј живот  е на телефонот 076-368-066.

Како што информира Орце Николов, секретар на ООЦК Велес заради вонредната ситуација превземени се и вонредни мерки.

-Прво целата просторија ќе се дезинфицира, за да нема поголемо групирање на крводарителите упативме апел за пријавување и за добивање термини, така што на секои 15 минути се закажани по двајца до тројца дарители. Сите останати кои ќе бидат вклучени во акцијата ќе носат заштитна опрема, појасни Николов.

Инаку досега за учество во акцијата се пријавиле 45 граѓани, а пријавувањето сеуште трае. ад/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата