Утрински Весник
Македонија

Велешкото обвинителство поведе постапка за шест лица​ кои не го почитувале полицискиот час

Велешкиот Основен суд ќе работи само по итните кривични предмети
Dik 300x250 mk

Велес, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за изрекување казни во висина од по 800 евра за шест лица кои не го почитувале полицискиот час за време на викендот.

– Обвинетите за време на викендот не го почитувале полицискиот час воведен за време на викендот како мерка за спречување на пандемијата прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Велес, стои во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Велес со поднесените предлози од Судот побара на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата”

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините