Утрински Весник
Македонија

Од корона заболени вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа

Од корона заболени вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Вкупно заболени регистрирани здравствени работници се 122 од кои, седум се оздравени и вратени назад на своите работни места, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на информациите за тоа каква е состојбата со опремата, Филипче рече дека Државниот санитарен инспекторат бил на увид и има извештај за тоа како се користи во соодветни делови и оддели на болници, според препораки и стандарди.

Во рамки на Министерството, нагласи Филипче има сосема доволно медицинска опрема и резерви.

– Има сосем доволна количества на заштитни материјали, маски, мантили во сите јавно-здравствени установи, посебно во местата каде што се лечат пациентите, односно каде што е хоспиталниот третман. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата