Утрински Весник
Македонија

Казнени налози за девет кавадарчани за прекршување на полицискиот час

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе предлози за издавање казнени налози за девет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Кавадарци.

Тие според описот на Обвинителството во одделни кривично правни настани се движеле низ Кавадарци, иако во сила бил полицискиот час воведен со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.

За четворица од обвинетите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, му предложи на Основниот суд Кавадарци да им изрече парични казни во висина по 40 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра , а за двајца обвинети по 60 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

Апел од ААВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк