Утрински Весник
Македонија

ОЈО Берово издаде три казнени налози за непочитување на полицискиот час

ОЈО Берово издаде три казнени налози за непочитување на полицискиот час

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Берово, денеска до беровскиот Основен суд поднесе три предлози за издавање казнен налог против вкупно шест лица за три одделни кривично правни настани за прекршување на забраната за движење на 10 и 11 април 2020 година, информираат од ОЈО Берово.

– Обвинетите за време на епидемијата на опасната заразна болест Ковид-19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување – Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена на 36-та седница на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на целата територија на државата, започнувајќи од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник, соопштија од обвинителство.

Заради стореното кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 50 до 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 до 20 евра во денарска противвредност. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура