Утрински Весник
Македонија

Субјекти кои вршат достава на храна/лекови може да работат и за време на полицискиот час во Карпош

Субјекти кои вршат достава на храна/лекови може да работат и за време на полицискиот час во Карпош

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Општина Карпош ги известува сите субјекти кои вршат достава на храна/лекови и кои добија известувања за вршење на дејност за полициски час за изминатиот викенд (11.04. и 12.04.2020) дека истите имаат важност и за работа во време на полициски час, после 16:00 часот, како и претстојниот продолжен викенд (17.04 до 20.04.2020).

Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека сите други субјекти кои сакаат да вршат дејност (достава на храна и лекови), а се немаат претходно пријавено во Општинскиот кризен штаб, тоа да го сторат преку пополнување на пријава и да ја достават на kontakt@karpos.gov.mk , најдоцна до среда (15.04.2020) до 11:00 часот.

– Кога станува збор за нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност претстојниот викенд, потребно е да испратат податоци (име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност и кој период во текот на викендот) на kontakt@karpos.gov.mk, до 20:00 часот, еден ден пред да вршат дејност. При што, Општината овие податоци ќе ги проследи до Полициска станица – Карпош, соопштуваат од општината.

По истиот принцип, посочуваат од општината, ќе се проследуваат и информациите за активистите кои хранат бездомни кучиња или кучиња во стационар, како и за лицата кои чуваат гулаби.

– Општина Карпош издава известувања за работа во полициски час само на субјекти кои вршат достава на храна и лекови, како што е и задолжението од Владата на Република Северна Македонија. А, за сите други лица, земјоделци, активисти за заштита на бездомни животни и гулабари, проследуваме информации до ПС Карпош, информираат од општината. фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Само во јули регистрирани 620 пожари

Тошковски: Точно е дека има информации дека ДУИ планира дестабилизација, но граѓаните не треба да бидат загрижени

Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци