Гевгелија,14 април 2020 (МИА) – Согласно упатството од Бирото за образование, одделенските наставници и Наставничките совети на основните и средното училиште во општина Гевгелија, по електронски пат, без заедничко физичко присуство и взаемна двонасочна комуникација, го утврдија успехот и поведението на учениците во третиот квартал од оваа учебна година.
Евидентните листови, беше посочено, со описни оценки за основците од прво до шесто одделение и бројчаните оценки за учениците од седмо до деветто одделение ќе бидат прикачени на евидентни листови во е-дневникот и истите ќе бидат внесени на документи кои ќе се пропратат до родителите.
Во извештаите ќе продолжи да се евидентира учеството на учениците во наставата на далечина,а во ученичките е-портфолија натавниците ќе ги внесуваат доказите на учениците од есејски прашања, проекти, скајп или вибер дискусии, тестови на знаења, презентации и вежби. им/дма/