Гевгелија,14 април 2020(МИА) – Првиот тест на четиричленото семејство од Гевгелија,кое беше заразено од Ковид-19 беше направен вчера, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија, а изминатиов период од десет дена не се регистрирани нови случаи на заразени лица.
Епидемиолозите велат дека тоа е исклучително добра и позитивна вест, но и предупредуваат дека не смее да попушти мобилноста и спроведувањето на мерките за заштита од страна на граѓаните особено не сега пред и за време на Велигденските празнувања.
-Во гевгелискиот пункт на Центарот за јавно здравје до сега се направени 85 тестови на пациенти кои беа нотирани на епидемиолошката карта на веќе заболените лица, кои моментно се чувствуваат многу добро, како и на лица кои се наоѓаа во државен карантин во хотелот ,,Фламинго“.Тестовите кај 65 лица се негативни на коронавирус, а останатите тестови се доработуваат, рече епидемиологот Сашо Олумчев.
Тој посочи дека бројот на лица во самоизолација е незначителен и дека вчера државниот карантин во Гевгелија, каде беа сместени 86 лица,го напуштиле 70 лица, а останатите кои исто така се чувствуваат добро, ќе го напуштаат етапно од денеска до петок. им/вг/