Скопје, 14 април 2020 (МИА) – На 13.04.2020 во 22:00 ч. во Полициска станица Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М.(19) од Арачиново, С.Р.(21) од с.Синѓелиќ и В.В.(30) од ул.„Алија Авдовиќ“, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење. По лишувањето од слобода на лицата, поголема група граѓани излегле на ул.„Алија Авдовиќ“, во знак на протест. По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење.
На 13.04.2020 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Есперанто“, го лишиле од слобода И.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.04.2020 во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Б.А.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.04.2020 околу 21:30 часот, додека траела забраната за движење, од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода М.А.(23) од Велес, бидејќи бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес. По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела. Лицето е задржано во Полициската станица Велес. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.
На 13.04.2020 во 13:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „астра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од с.Зајас и патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје. Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.
На 12.04.2020 околу 20:15 часот во СВР Велес В.И.(37) пријавила дека на плоштадот „Којник“ била касната од куче скитник во пределот на ногата.
На 13.04.2020 во 15:30 часот било пријавено дека во Tетово на бул.„Видое Смилески Бато“ И.А.(22) од с.Мала Речица, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со дебарски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.
На 13.04.2020 во 12:25 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Теодосија Паунов“, С.С.(18) од Кочани, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 13.04.2020 во 19:30 часот во Полициската станица Гази Баба И.Н.(35) од Скопје, пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. дма/