Утрински Весник
Спорт

Раниери предложи пет замени по натпревар

Раниери опција за заменик на Бенитез на чело на Њукасл

Џенова, 14 април 2020 (МИА) – Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери, даде предлог да се зголеми бројот на замени во сезоната прекината поради пандемијата на коронавирус. Претходно, Италијанската фудбалска федерација соопшти дека очекува да го заврши шампионатот.

– За мене, оваа сезона е невалидна затоа што нема сеопфатно почитување на правилата. Јас разбирам дека треба да играме, но сè ќе биде решено на теренот. Ако одиме да играме три пати неделно, тогаш треба да воведеме промени во фудбалските правила и да дозволиме пет замени, изјави Раниери за „Фудбал Италија“.

Сампдорија се наоѓа во долниот дел на табелата, на 16.место, со само еден бод повеќе од зоната на испаѓање. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен