Утрински Весник
Македонија

МНР: Успешно репатрирани 125 македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајндховен

Слетување на Ербас при силна бура (видео)

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.

Репатрирањето, како што соопшти МНР, беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, во соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

-Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти.

Во текот на утрешниот ден, како што информираат од МНР, предвиден е лет за враќање на македонските граѓани од Италија. дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”