Утрински Весник
Магазин

Во Рио, Исус „облечен“ во лекарска униформа

Во Рио, Исус „облечен“ во лекарска униформа

Рио де Жанеиро, 13 април 2020 (/) – Големиот споменик Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечен“ во лекарска облека. Градот на тој начин им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот.

Станува збор за познатата статуа на планината Корковадо над Рио. Таа го доби својот нов изглед благодарение на специјално осветлување. Организаторите притоа, зборот „Благодарам” го испишаа на неколку јазика – домашниот португалски, на шпански, англиски, германски, италијански, кинески, француски, арапски и руски јазик.

Освен тоа, статуата беше осветлена во боите на знамињата на државите што се најпогодени од коронавирусот – САД, Шпанија, Италија и Кина, како и самиот Бразил.

– Ова е послание за надеж во овој тежок период на пандемија, изјави надбискупот на Рио де Жанеиро, кардиналот Орани Жуан Темпеста.  си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него