Утрински Весник
Македонија

Дезинфицирани улиците и јавните површини во гевгелиско

Дезинфицирани улиците и јавните површини во гевгелиско

Гевгелија,13 април 2020 (МИА) – Припадниците на комуналното претпријатие и пожарникарите во соработка со ПЕ на центарот за јавно здравје, викендов додека траеше до сега најдолгата временска забрана за движење, извршија целосна дезинфекција на сите улици, тротоари и јавни површини во Гевгелија.

Согласно мерките донесени од главниот и општинскиот кризен штаб за заштита од ширењето на коронавирусот, од општината соопштија дека дисциплинираното почитување на забраната за движење од страна на граѓаните во Гевгелија им овозможило на комуналците и пожарникарите ефикасно да ја спроведат дезинфекцијата во функција на справување со пандемијата на Ковид-19.

Целосната дезинфекција, која во градот се спроведува секој петти ден, целосно ќе заврши денеска со дезинфицирање на улиците и јавните површини во сите населени места на територијата на општина Гевгелија.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започна втората фаза од автопатот Скопје – Блаце: 10,5 километри ќе се градат четири години

Тошковски: 310 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште

Груевски на слободата, ВМРО-ДПМНЕ со чисти документи за белата палата, Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Талир 2