Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција
Ss2

Скопје, 12 април 2020 (МИА)На ден 11.04.2020 во 13.30 часот В.Т. вработен во Шумска полиција пријави дека од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од ЈП Национални шуми, кој ги затекнал лицата во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и ќе го документира настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП Национални шуми. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на Полициски службеници од СВР Битола било излезено на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци, и М.И.(65) од Прилеп. Истите не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на движење. Лицата беа лишени од слобода во 15.30, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.04.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.Т.(34) од Скопје, пријавил дека во период од 08/11.04.2020 од 12.00 до 14.15 часот во кисок на бул.„Филип Втори Македонски“ од непознато лице, со употреба на сила, биле одземени производи. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

300x250 (7)

На 11.04.2020 во околу 14.00 часот на ул.„Ордан Чопела“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода Ж.С.(41) и О.Х.(32), и двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека по претходна расправија, Ж.С. со нож се обидел да го нападне О.Х., кој потоа физички го нападнал Ж.С. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 11.04.2020 во 11.54 часот во СВР Скопје, Б.П.(55) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во куќа ул.„Виктор Иго“, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг А.Ц., по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, била физички нападната од нејзиниот син С.Ц.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(52) од с.Црешево, скопско, пријавил дека во периодот од 16.00 до 16.45 часот во црква во изградба во с.Смилковци, скопско, непознати лица со употреба на сила влегле и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2020 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода С.М.(30) од с.Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. мс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Каевски ги отфрла сите обвинувања на ОЈО, ги смета за неосновани и тенденциозни

Ковачевски: Условувања не прифаќаме СДСМ е државничка партија со силни корени и вредности за кои ќе се бориме