Утрински Весник
Македонија

Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

Кавадарци, 12 април 2020 (МИА) – Пожар зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари на висорамнината Витачево. Огнот почнал  кај станицата на селото Драгожел.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци потврдија за МИА дека на местото засега интервенираат четворица пожарникари со едно возило.

-Околу час и половина се бориме со огнот. Во таа борба многу ни одмага ветерот кој го има во моментов на висорамнината, рекоа од единицата.

Очекуваат поддршка во гаснењето на пожарот од работници на подружницата на ,,Македонски шуми”. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот

Подруми, шахти, канали и стоечки води: Ова се ризичните точки за комарци во Скопје

Македонија ја губи младоста – 24info.mk