Утрински Весник
Спорт

Тежина од 371 милиони фунти паѓа од рамениците на клубовите во Премиер лигата

Продолжен летниот трансфер прозорец во Премиер лигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 12 април 2020 (МИА) – „Скај Спортс“ нема да побара од Премиер лигата да врати 371 милиони фунти на компанијата доколку сезоната не заврши во Англија. Наместо тоа, се бараат други опции за да се компензира медиумскиот гигант, ако навистина стане збор за најлошото сценарио.

Според „Дејли мејл“, повеќето компании кои имаат права да емитуваат натпревари во странство, исто така, ќе постигнат договор со Премиер лигата, бидејќи не сакаат да го загрозат идното партнерство. Весникот тврди дека во најлош случај, клубовите ќе треба да платат околу 150 милиони фунти.

Меѓу опциите што се дискутираат за компензација на компанијата се продолжувањето на овој договор за уште една сезона до 2022/23 година, како и дополнителниот број на натпревари во живо што ќе се емитуваат во текот на следната кампања.

Ќе се разговара и за можноста сите 92 натпревари оваа сезона да бидат емитувани доколку се продолжи кампањата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар