Утрински Весник
Македонија

Негативни резултатите на двајцата здравствени работници од штипското Инфективно одделение

Негативни резултатите на двајцата здравствени работници од штипското Инфективно одделение

Штип, 12 април 2020 (МИА) – Пристигнати се негативни резултати за две медицински лица од Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше денеска директорот, Ален Ѓеорѓијев.

Тој додаде дека се негативни брисевите на лекар инфектолог и на една медицинска сестра, додека за четири здравствени работници се уште чекаат да пристигнат.

Во самоизолација се вкупно 15 здравствени работници, на коишто првите тестови покажаа дека четворица се позитивни на Ковид 19, додека седум се негативни, а за четири се чекаат да пристигнат утре.

На инфективното одделение во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се позитивни на корона вирус, а за четири случаи се чекаат резултатите од земените брисеви. Инаку пациентите на ова одделение се со средна клиничка слика. Досега се хоспитализирани тројца пациенти од Штип, додека остнатите 10 се од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. вјд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа