Утрински Весник
Економија

Министерството за финансии го започнува процесот на издавање еврообврзница

Министерството за финасии ќе потпишува меморандум со SECO  и IFC

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Го започнуваме процесот на издавање на еврообврзница. Процесот може да трае од 45 до 60 дена што значи дека следењето на пазарите на капитал и евентуално стабилизација, што се очекува да започне ќе ни овозможи да ги следиме условите и да видиме кога е најповолното време и износ со кој треба да се излезе на пазарот со еврообврзница, информира денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа одговарајќи на новинарско прашање во однос на еврообврзницата рече дека постојано будно ги следат пазарите на капитал.

Ангеловска додаде дека Министерството започнало со процесот на издавање на еврообврзница, со цел да ги обезбеди потребните средства за да може да се заштити економијата. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

ММФ предвидува: Македонија и регионот меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза