Утрински Весник
Македонија

Велигденска честитка на Џафери: Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова

Велигденска честитка на Џафери: Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Оваа година е необична по тоа што и добрите и лошите мигови кои ги носи секојдневието, ги поминуваме во кругот на најтесното семејство, некој дури далеку и од нив, меѓутоа, секако не далеку од срцата, истакнува претседателот на Собранието, Талат Џафери во честитката до сите верници од католичка вероисповед, кои големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден го слават по грегоријанскиот календар.

Честитајќи им го празникот во свое и во име на Собранието на Република Северна Македонија, Џафери на сите верници им посакам добро здравје „во ова време на вонредна состојба во нашата земја и во светот, вонредна по здравјето на сите луѓе низ цел свет“.

– Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова. Важно е да имаме добри мисли, мисли на солидарност и разбирање кон нашите блиски и далечни семејства, кон нашите соседи, пријатели и соработници. Важно е да ги храбриме и да се молиме за добро здравје и сила на нашите здравствени работници кои се исправени пред овој голем предизвик на првата линија, наведува Џафери.

На сите што денеска го чествуваат празникот Џафери им посакува празничниот дух да ги исполни нивните домови дом и да им даде леснотија во пребродување на овие денови.

– Ви посакувам да поминете убави празнични денови во Вашите домови, прославувајќи го Велигден, празникот на животот со полни срца надеж и верба. Бидете здрави!, порачува претседателот на Собранието, Џафери во честитката. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меморијален центар АСНОМ- споменик на создавањето на современата македонска држава

Филипче: Се создава впечаток дека некој сака да ја скрие вистината за скандалот на аеродромот

Ахмети кон Вјоса Османи: Извини, ни го донесоа Путин во влада