Утрински Весник
Спорт

Шефовите на Арсенал до фудбалерите: Пласман во ЛШ и нема кратење плата

Арсенал го победи Њукасл

Лондон, 12 април 2020 (МИА) – Раководството на Арсенал најде начин да ги стимулира играчите за силни настапи до крајот на сезоната, кога таа ќе се обнови. Речиси сите клубови од Премиер лигата прибегнаа кон намалување на платите на играчите, поради финансиските последици од коронавирусот, но „топчиите“ може да избегнат слично сценарио. Сепак, од нив се бара да се квалификуваат во Лигата на шампионите.

Играчите веќе се запознаени со предлогот, информира „Телеграф“. Не се споменува нивната реакција, но со оглед на ситуацијата, тие можеби го ценеле гестот на нивните шефови.

Арсенал троши 260 милиони долари годишно за плати. Ако тимот не се избори оваа сезона да учествува во Лигата на шампионите, тоа може да доведе до сериозни економски загуби, што не може а да не влијае на играчите.

Во пласманот, екипата од Северен Лондон е на 9-то место, заостанувајќи со 8 бода од 4-тиот Челси и 5 од 5-тиот Манчестер Јунајтед.

Сепак, „топџиите“ имаат натпревар помалку .

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара