Утрински Весник
Македонија

Владата објави сметка за донации за справување со кризата од коронавирусот

Владина средба на високо ниво „За децата, од децата“

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Владата денеска објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.

Како што информира Владата, целта на донацијата, во вид на парични средства кои ќе се користат за помош, е поддршка за активностите за спроведување на мерките за справување со кризата од коронавирусот во земјата.

-Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19, се наведува во владиното соопштение.

Владата дополни дека донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства се стекнуваат со право на даночно олеснување за кое е потребно да достават извештај за дадена донација/спонзорство (образец „УЈП-ИДС/ДВ“), во Управата за јавни приходи.

Договорот за доделување на средства по основ на донација во име на Владата го потпишува генералниот секретар и според одредбите од договорот, примателот на донацијата се обврзува сите добра од овој договор да ги стави во остварување на мерките за справување со коронавирусот во земјата.

-Примателот на донацијата со овој договор изјавува дека со денот на потпишување на овој договор се смета дека ги има примено средствата и има обврска да го извести давателот на донацијата најбрзо што може доколку се утврдат значителни отстапувања во суштината или во текот на активностите на донацијата, соопшти Владата. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег