Утрински Весник
Македонија

Дехари: Имав координативна средба со полицијата и армијата за престојниот викенд

Дехари: Имав координативна средба со полицијата и армијата за престојниот викенд

Кичево,10 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари попладнево оствари координативна средба со припадниците на полицијата и армијата.

– Штотуку ја завршив средбата со началниците на полицијата и командантот на касарната во Кичево, каде што ги координиравме активностите во текот на полицискиот час од денес до понеделник во 5:00 часот наутро, посочи Дехари.

Тој додаде дека граѓаните треба да знаат дека тие ќе бидат на должност и со зголемена будност внимателно ќе ја следат ситуацијата.

– Ќе дадеме се од себе за да се справиме со ситуацијата и да ве поддржуваме во секој аспект. Истовремено ние ќе продолжиме со дезинфекцијата на јавните места непрекинато, заедно можеме, истакна градоначалникот на Општина Кичево.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври