Утрински Весник
Македонија

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на Ковид 19

Хронично болните за терапија да одат кај матичен лекар, кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот

Гостивар, 10 април 2020 (МИА) – По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекари од кои едниот интернист иамле позитивни тестови на на Ковид-19. Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

 Не може а да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Засега е неизвесно дали ќе се спроведуваат дополнителни мерки во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега. Одлуката за  дополнителни испитувања на двајцата медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти. згм/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош

Во сабота почнува увидот во избирачкиот список, ќе трае 20 дена

Патот Македонски Брод – Скопје и натаму затворен поради пожар – На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути